Во свој стил Ергин Атаман одговори на прозивките на сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанају. Контроверзниот газда од Израел на социјалните мрежи објави дека Атаман нема авторитет во соблекувалната на Панатинаикос.
Турчинот не остана должен, па го нападна Јанају.
„Нема ништо да освојат. Јас имам три трофеи во Евролигата во последните пет години. Молчи и гледај си го својот тим“, рече Атаман и додаде:
„Почитувам многу луѓе, новинари, нашиот претседател. Прифаќам критики на своја сметка, но никогаш не сум зборувал лошо за противнички тренер или претседател. Сепак, претседателот на Хапоел чие име не го знам туку сега чув за него, даде скандалозна изјава. Нормално, тој чул за мене, во Евролигата сум 25 години. Рече дека Панатинаикос нема тренер, и сега ќе му одговорам: Не те познавам, а ти мене не ме почитуваш. Тоа е непрофесионално. Фокусирај се на својот тим и тренер. Ова ви е прва година во Евролигата и немате право да зборувате за мене“, рече Атаман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
