Атаман повторно назначен за селектор на Турција

Сегашниот тренер на Ефес Анадолу, Ергин Атаман, вторпат во кариерата е назначен за селектор на кошаркарската репрезентација на Турција.

Атаман ја предводеше Турција од 2014 до 2016 година, а овојпат најави освојување на сите можни медали кои стојат пред него и репрезентацијата.

– Многу сум амбициозен и сакам да ги освојам сите трофеи, без разлика која екипа или репрезентација ја предводам. Дојдов на оваа позиција за да освојам медали на Европското и Светското првенство, како и на Олимпијадата, порача Атаман.

Атаман минатата сезона со Ефес ја освои титулата во Евролигата и воедно беше прогласен за најдобар тренер во елитното европско клупско натпреварување.

Се вчитува...