Валенсија ја доби „мајсторката“ против Панатинаикос и се пласираше на Ф4 во Атина

Кошаркарите на Валенсија успеаја да стигнат до Ф4 турнирот во Евролигата кој ќе се игра во Атина, откако успеаја да се вратат од негатива од 0-2 и да слават со 3-2 во четвртфиналната серија против Панатинаикос.

Во вечерната мајсторка кој се играше во Валенсија домаќините стигнаа до триумф од 81-64. Домашниот тим во текот на целиот меч го контролираше резултатот и ниту еднаш не му дозволи на скапиот тим на Ергин Атаман да се понадева дека ќе може да дојде до титулата.

Бранко Бадио со 20 поени беше убедливо најдобар поединец кај победникот, додека кај поразените недоволни беа 15 поени на Најџел Хејс.

На Ф4 турнирот во Атина, Валенсија во полуфиналето ќе игра против Реал Мадрид, додека втората четвртфинална двојка ја сочинуваат Олимпијакос и Фенербахче. Ф4 турнирот ќе се игра од 24. до 26. мај.

Се вчитува...