Франција со убедлив триумф на гостувањето кај Чешка

Ракометарите на Франција ја завршија целата работа околу пласманот на Светското првенство кое што на почетокот на следната година ќе се игра во Германија, откако вечерва славеа на гостувањето кај Чешка со убедливи 26-37 во првиот натпревар од бараж двомечот.

Французите уште од самиот старт тргнаа јако, па по триесет минути игра веќе имаа плус шест 14-20. До крајот на натпреварот разликата само се зголемуваше за конечен триумф на галските петли од 26-37.

Tибо Брие со седум гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените Пирош и Клима постигнаа по пет гола.

Се вчитува...