Црвена Звезда, по голема драма и пенали – Од бездната па до трофејот во Купот (ВИДЕО)

Црвена Звезда, по голема драма и изведувањето на пеналите, стигна трофејот во Купот на Србија!

Во финалето кое се играше во Лозница, Црвена Звезда беше во бездната, откако Војводина имаше 0-2 по првото полувреме, и 1-2 се до последните секунди од средбата.

Но, белграѓани во 96.минута преку Родриго успеаја да израмнат на 2-2, и да го однесат финалето до продолженија па потоа, откако немаше промена на резултатот, и до пенали.

А, во пенал-рулетот дури седум серии, а во последната серија голманот на Црвена Звезда, Матеус, успеа да го одбрани пеналот за трофеј на Црвена Звезда, 30-ти во Купот во историјата на клубот. За Црвена Звезда ова е и шеста година по ред како ја освојува двојната круна во Србија.

Во редовите на Војводина беше и поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Владан Новевски кој оваа сезона повторно е дел од новосадскиот клуб, во една од најдобрите години за клубот, откако претходно играше за Вождовац и Кабел.

Се вчитува...