Добра партија на Мекиќ во победата на Задар во плеј-офот во шампионатот на Хрватска

Кошаркарскиот репрезентативец на Македонија, Адем Мекиќ и неговиот Задар поведоа со 1-0 во четвртфиналната серија во плеј-офот во шампионатот на Хрватска откако вечерва на домашен терен славеа со 90-70 против Кварнер.

Задар во текот на сите 40 минути го контролираше резултатот и во ниту еден момент не му дозволи на противникот да се понадева дека на било каков начин може да стигне до изненадувачка победа против фаворитот.

Адем Мекиќ имаше солидна партија завршувајќи го мечот со седум поени, надополнети со два скока.

Се вчитува...