Ергин Атаман ќе продолжи да го води Панатинаикос најмалку до крајот на оваа сезона, откако турскиот стратег успеа да ја преживее големата криза по вчерашните шпекулации дека му е подготвен отказ, а на негово место ќе пристигне Жељко Обрадовиќ.
Газдата на ПАО, Димитрис Јанакопулос, утрово објави заедничка фотографија од прегратката со Атаман по освоената титула во Евролига, воедно „пецнувајќи“ ги новинарите кои пишуваа дека денеска ќе има состанок на кој на турскиот стратег ќе му биде врачен отказ.
„Секој оној кој ги заборава овие моменти и сега ги навредува луѓето во ситуацијата во која се наоѓаме, не може да каже дека го сака нашиот тим. Повеќе на оваа тема подоцна, сега имам друга работа. ПС: Побарајте каде ке биде денешниот состанок“, напиша Јанакопулос под заедничката фотографија со Атаман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
