Атаман призна дека лажел со контроверзната изјава

Турскиот кошаркарски стучњак Ергин Атаман го прекина 12-годишниот пост на Панатинаикос изборувајќи учество на финалниот турнир на Евролигата и тоа по фантастична четвртфинална серија против Макаби Тел Авив во која грчкиот тим го одбрани домашниот терен во популарната „мајсторка“.

Пао лошо ја започна серијата губејќи на домашен терен во првиот натпревар по што Атаман имаше интересна изјава најавувајќи заминување од клубот доколку не биде изборено учество на Ф4. Сега Турчинот откри дека до заминување дефинитивно немало да дојде, а таквата изјава била само мотивирачка.

„Бевме фокусирани на успех и многу се изнервирав. Бев разочаран. Реков така за да ги мотивирам играчите и сите остaнати во клубот. Пораз во првиот натпревар од ваква серија е лоша работа, но успеавме да се вратиме. Имам одличен однос со клубот и претседателот Јанакопулос и мислам дека ќе останам тука уште многу години“, изјави Атаман.

Панатинаикос во полуфиналето од Ф4 во Берлин силите ќе си ги одмери со Фенербахче.

Се вчитува...