Атаман шоу по поразот од Олимпијакос: Тајрик Џоунс го нападна Нан по крајот на мечот!

Кошаркарите на Олимпијакос по титулата во Евролигата, славеа и во плеј-офот од грчкиот шампионат откако вечерва во мајсторката славеа на домашен терен против најголемиот ривал Панатинаикос со 89-85 и со 3-2 славеа во финалната серија.

Сепак, како и по секое грчко дерби така и вечерва кошарката беше во втор план. Тренерот на гостите Ергин Атаман повторно имаше свое шоу откако во изјава по мечот наброја многу вулгарности, а го обвини Тајрик Џоунс дека го нападнал Кендрик Нан во соблекувалната по мечот.

 

Се вчитува...