Васко Атанасов вечерва го прослави првиот куп-трофеј во тренерската кариера откако стратегот на МЗТ Скопје по голема борба успеа да го надмудри Дарко Радуловиќ и да го освои 12. куп-пехар за „сино-белите“ од Аеродром.
Воедно, тој не го криеше задоволството што дури и без помошта на Војдан Стојановски успеа да го совлада големиот противник, уште повеќе што улогата на херој му припадна на Дамјан Робев.
„Шампионскиот менталитет на МЗТ Скопје дојде до израз. Колку и да играме лошо, на површина излезе тој наш аеродромски инает. Оваа победа ја посветувам на навивачите и им благодарам што дојдоа да не бодрат. Ние денеска игравме во грч, но игравме без Војдан Стојановски што им даде можност на некои други кошаркари да бидат херои. Што се однесува до Робев, тој по вторпат е фактор за победата бидејќи блесна и лани во финалето од Купот и мене ми е многу мило за тоа“, изјави Атанасов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА