Атанасов: Никогаш атмосферата во тимот не била лоша

Фудбалската репрезентанција на Македонија се подготвува за третиот натпревар од Лигата на нации, Б-дивизија во кој на домашен терен ќе ја пречекаме репрезентацијата на Шкотска, натпревар кој е закажан за утре од 20.45 часот на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

По двата воведни порази против Швајцарија и Шкотска и шест натпревари во низа без постигнат гол, ја чекаме Шкотска која што исто така се мачи во последно време, посебно во нападот.

Јани Атанасов вели дека секогаш атмосферата била добра во тимот.

„Има незадоволство по два порази. Но, не се сеќавам дека некогаш атмосферата била лоша. Атмосферата е топ и се надеваме на позитивен резултат. Ветуваме дека ќе дадеме се од себе и дека ќе ја израдуваме цела Македонија“, изјави Атанасов. 

Се вчитува...