Атина гори: Олимпијакос ја освои титулата во Конференциската лига (ВИДЕО)

Фудбалерите на грчки Олимпијакос се освојувачи на трофејот во Конференциската лига откако вечерва во финалето кое се играше во Атина славеше над Фиорентина со минимални 1-0.

Во регуларните деведесет минути иако и двата тима повеќе размислуваа како да го одбранат својот гол, отколку како да го нападнат противничкиот и Олимпијакос и Фиорентина имаа по неколку солидни шанси, но ниту една не резултираше со гол па по деведесет минути резултатот остана почетниот 0-0, па за првпат во финалните мечеви во Конференциската лига натпреварот замина во продолжение.

За идвојување од регуларниот дел од мечот е инцидентот на трибините кога навивачите на „виолетовите“ влегоа во клинч со локалната полиција откако еден навивачи на грчкиот тим се најде во нивниот сектор, па мораше фудбалерите на Фиорентина да ја смируваат целата ситуација.

Во продолженијата клучниот момент се случи во 116. минута кога голема победа за грчкиот тим донесе Ел Кааби.

 

Olympiacos [1] – 0 Fiorentina – Ayoub El Kaabi 116‎’
byu/PSGAcademy insoccer

Се вчитува...