Лос Анџелес Лејкерс се повеќе се оддалечуваат од позициите кои водат во плејофот. Имаат четири порази на последните пет одиграни дуели и вкупен биланс 28/29 за 10. место во Западната конференција откако загубија на гостувањето кај Атланта со 117-113. Осмопласираниот тим во конференцијата, последниот кој би обезбедил разигрување, Сакраменто сега им бега три победи на Лејкерс.
Попуст беше трипл-дабл ефектот на Леброн Џејмс. Тој постигна 28 поени, имаше и 11 скока и 16 асистенции. Тре Јанг со 22 поени беше лидер во победата на Атланта.
Шампионот Голден Стејт врза серија од пет последовни победи, има 17 триумфи на 18 одигрни натпревари во 2019 и сигурно ја држи лидерската позиција на Запад со биланс од 41/15. Последниот триумф, Голден Стејт го забележа против Јута, славеше на свој паркет со 115-108.
Кевин Дурент постига 28 поени, Стеф Кари 24, а Клеј Томпсон кој имаше повреда на прстот забележа 22 поени. Кај Јута која по поразот има ефект 32-25, но останува на шестата позиција, Донован Мичел беше прв стрелец со 25 поени.
Бостон по два последовни пораза им се врати на триумфите, славеше против Филаделфија со 112-109, Сан Антонио забележа тесна победа од 108-107 над Мемфис, а Орландо триумфираше на гостувањето кај Њу Орлеанс со 118-88.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА