Атлетик Билбао го „врза“ Кепа со 80 милиони евра

Младиот голман на Атлетик Билбао, Кепа Аризабалага, официјално потпиша нов седумгодишен договор, со важност до 2025 година. Неговата клаузула сега изнесува 80 милиони евра, додека неговата неделна плата е шест пати поголема од онаа која досега ја заработуваше.

23-годишниот шпански голман уште од летниот преоден рок беше поврзуван со трансфер во Реал Мадрид. Наводно, преселбата во Мадрид беше договорена, но на крајот од сето тоа остана само шпекулациите. На Кепа му здодеа да ги чека „кралевите“ да направат потег кон негов ангажман, па одлучи да ја потврди својата лојалност кон баскискиот клуб.

Со овој договор Кепа му се придружи на Ињаки Вилијамs, сега се играчи со најдолги договори во редовите на Билбао. Крилниот напаѓач пред неколку дена исто така потпиша договор до 2025 година, со клаузула помеѓу 80 и 108 милиони евра.

 

Се вчитува...