Атлетик Билбао им „дише во врат“ на Реал и Барселона: Лесна победа со Алмерија (ВИДЕО)

Атлетик Билбао се проби на третата позиција на табелата во Ла Лига веднаш зад Реал Мадрид и Барселона откако славеше убедлива победа од 4-0 против Алмерија во првиот натпревар од 7. коло.

Победата на домашните беше најавена со голот на Ињаки Вилијамс уште во 10. минута, а Сансет во 17. минута зголеми и на 2-0.

Во второто полувреме, Нико Вилијамс и Весга погодија за конечни 4-0.

Се вчитува...