Атлетик Билбао постигна договор со новиот тренер

Ернесто Валверде по завршувањето на сезоната го напушта тимот на Атлетик Билбао. Ова беше познато од претходно, откако завршува престојот на искусниот тренер во Билбао, а тимот добива нов тренер.

И покрај тоа што се шпекулираше со името на Андони Ираола, кој по завршувањето на сезоната го напушта Борнмут целосно бесплатно, сепак, новиот тренер на Билбао доаѓа од Германија.

Станува збор за некогашниот предводник на Борусија Дортмунд, Един Терзиќ. Терзиќ стигна до финалето во ЛШ во 2024 година, кога со Борусија загуби од Реал Мадрид, и од тогаш е без ангажман.

Се поврзуваше со неколку клубови, меѓу кои и Рома, Манчестер Јунајтед, Волфсбург, Ајнтрахт Франкфурт, Баер Леверкузен, но остана без ангажман. Се чини дека сега ќе се врати на тренерската работа и ќе го предводи амбициозниот тим на Билбао.

Се вчитува...