Атлетико Мадрид е во полуфиналето на ЛШ, додека Барселона остана без овој трофеј откако вечерва на „Метрополитано“ во Мадрид гостите славеа „пирова“ победа од 1-2, но четата на Диего Симеоне е меѓу најдобрите четири благодарение на победата во првиот меч од 0-2.
Барселона тргна одлично, даде два гола за 24. минути, беше на праг да постигне и трет, а потоа дојде и казната.
Јамал во 4. минута по грешката на Ленгле успеа да го совлада Мусо, а потоа во 24. минута погоди и Феран Торес на одлична асистенција на Олмо. Откако Фермин Лопез промаши „златна“ шанса за 0-3, на другата страна по еден противнапад врати Лукман. Доби топката од Симеоне, и успеа да погоди во голот на Гарсија.
Во вториот дел возбудувањата продолжија. Барселона имаше шанси да дојде до 0-3, успеа да постигне гол преку Торес кој беше поништен поради офсајд, а потоа работите се сменија во корист на Атлетико откако црвен картон доби Ерик Гарсија, и ја олесни задачата на домашните.
Барселона, сепак, продолжи да атакува по трет гол, кој би донел продолженија, имаше и прилики преку Левандовски, и особено преку Араухо, но на крајот остана 1-2, и така Атлетико се пласираше во полуфиналето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

