Атлетико го „краде“ Мертенс од Наполи!?

Напаѓачот на Наполи, Дрис Мертенс е во фокусот на вниманието на тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне кој бара адекватно засилување за својот неубедлив напад, пренесуваат шпанските медиуми.

Антоан Гризман е надвор од форма, веројатно со мислите веќе насочен кон „Олд Трафорд“, Фернандо Торес со своите 34 години тешко дека може сериозно да помогне, а Гамеиро и Вијето не успеваат да ги оправдаат очекувањата кои Симеоне ги имаше за нив.

Се шпекулира дека Атлетико Мадрид ќе се обиде да ја активира клаузулата од договорот на Мертенс со Наполи според која би можел да го напушти клубот за 30 милиони евра.

30-годишниот Мертенс кариерата ја почна во Гент, а потоа играше за Утрехт и ПСВ, од каде во 2013 година се пресели во Наполи за околу 10 милиони евра. За тимот од Сан Паоло постигна 80 гола на 201 натпревар. Во актуелнава сезона има 12 гола на 18 натпревари. За репрезентацијата на Белгија на 60 натпревари има 13 погодоци.

Се вчитува...