Атлетико и „дише во врат“ на Барса, триумф над Леганес… (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид дојде на само четири бода од водечката Барселона по триумфот од 1-0 против Леганес во 27. коло од шпанската Ла Лига.

Творец на победата на Атлетико беше шпанскиот репрезентативец Саул Нигуез со погодокот во 50. минута од средбата…

По овој триумф Атлетико Мадрид е со 56 бода, а Барселона на врвот има 60 бода, но и натпревар помалку.

Се вчитува...