Атлетико Мадрид се врати на победнички патеки во Ла Лига откако вечерва славеше на тешкото гостување против Вилјареал со 0-2. Слабите игри на последните три меча (реми и пораз од Леванте во Ла Лига, пораз од Челси во ЛШ) не оставија преголема трага врз „јорганџиите“, кои благодарение на одличниот Облак и цврстата одбрана стигнаа до победата.
При првиот погодок имаа и помош од ВАР-арбитрите, бидејќи по ударот на Савиќ топката од голманот се одби од Саг и заврши во мрежата. Помошниот судија најпрвин го крена знаменцето за офсајд, потоа се разгледуваше и евентуален прекршок од Савиќ, за на крајот голот сепак да биде признаен.
Симеоне во второто полувреме го уфрли Жоао Феликс на местото на Лемар, што се покажа како вистински потег бидејќи токму младиот Португалец беше стрелец на вториот гол со кој Атлетико ја осигура победата.
Тимот на Диего Симеоне сега има шест бода повеќе во однос на Реал Мадрид, пет повеќе (и меч помалку) во однос на Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА