Атлетико ја освои Лигата на Европа, Гризман ја продолжи „француската клетва“

Атлетико Мадрид е освојувач на Лигата на Европа за оваа сезона, откако „јорганџиите“ славеа во финалето против Олимпик Марсеј со 3-0. Антоан Гризман беше човек на одлука постигнувајќи ги првите два гола за Атлетико во ова финале, со што Французинот ја продолжи „француската клетва“, оваа земја се уште да биде без трофеј во Лигата на Европа (претходно и во Купот на УЕФА).

А се можеше да биде поинаку доколку Олимпик ја искористеше првата шанса по само неколку минути игра. Паје извонредно го проигра Жермен, но голгетерот на Олимпик се посрамоти шутирајќи непрецизно од одлична позиција. Францускиот состав самиот се победи, откако следеше голема грешка во последната одбранбена линија по која топката стигна до Гризман, а овој одличен стрелец не ја пропушти можноста да го отвори резултатот. Проблемите за екипата од Марсеј станаа уште поголеми по половина час игра, откако Паје се пожали на повреда и мораше да биде заменет.

Завршниот нокаут следеше на почетокот од второто полувреме, кога Коке го проигра Гризман, а овој маестрално ја смести топката во мрежата, за водство од 2-0 и освојување на третиот трофеј во Лигата на Европа, по оние од 2012 и од 2012 година. Митроглу го погоди дирекот на десетина минути до крајот, пред точка на мечот да стави Габи со гол во 89. минута.

Се вчитува...