Атлетико Мадрид без Гамеиро и без Гаитан против Лестер

Атлетико Мадрид в среда ќе го пречека англискиот првак Лестер во првиот четвртфинален меч од Лигата на шампионите, но тренерот Диего Симеоне ќе го нема на располагање најдобриот тим. Ќе недостигаат францускиот напаѓач Кевин Гамеиро и офанзивниот играч за врска, Нико Гаитан, кои се уште не се вратија на тренинзите.

„Ќе ги немаме Гамеиро и Гаитан, се уште не се вратија во тренажен процес. Но, на дербито со Реал Мадрид покажавме дека имаме одлична конкуренција во составот на сите позиции. Лестер е шампион на Англија и максимално ги респектираме“, изјави тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне.

Се вчитува...