Атлетико Мадрид до триумф во последен час

Фудбалерите на Атлетико Мадрид конечно ја урнаа бариерата и остварија важен триумф во Ла Лига на гостувањето против Ла Коруња so 0-1. Иако долго се мачеа, победничкиот гол го постигна Томас Парти во судиското продолжение од натпреварот со одлично изведен слободен удар.

По незадоволителниот настап на тимот на Диего Симеоне во Лигата на шампионите, јасно е дека „јорганџиите“ не се во најдобра форма, и долго време не успеаваа да се наметнат и на денешниот натпревар. Далеку од својата форма е првиот стрелец Антоан Гризман и тоа се чувствува во тимот. Но, тука е Томас Парти, да донесе триумф кога е најпотребно.

Се вчитува...