Барселона не се откажува од намерата да го доведе аргентинскиот напаѓач Хулијан Алварез и подготви значително подобрена понуда за негов трансфер од Атлетико Мадрид.
Според шпанските медиуми, каталонскиот клуб првично понудил 100 милиони евра, но понудата била експресно одбиена од „јорганџиите“, кои јасно ставиле до знаење дека не сакаат да се разделат со еден од своите најважни фудбалери.
Сепак, тоа не ја обесхрабрило Барселона. Најновите информации велат дека шпанскиот шампион ја зголемил понудата на дури 130 милиони евра, надевајќи се дека оваа сума ќе биде доволна за да го убеди Атлетико да ги отвори преговорите.
Наводно, Алварез нема ништо против преселба на „Камп Ноу“ и е заинтересиран да ја продолжи кариерата во дресот на Барселона. Сепак, останува неизвесно дали Атлетико ќе попушти, иако тешко е да се очекува клубот да добие подобра понуда до крајот на летниот преоден рок.
25-годишниот аргентински репрезентативец ја започна својата сениорска кариера во Ривер Плата, од каде во 2022 година се пресели во Манчестер Сити. По две сезони во англискиот клуб, минатото лето направи трансфер во Атлетико Мадрид, каде брзо се наметна како еден од клучните играчи во тимот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
