Атлетико Мадрид го освои „Ауди Купот“ во Минхен

Атлетико Мадрид е освојувачот на „Ауди куп“ за 2017 година што во овие два дена се одржуваше во Минхен, откако „јорганџиите“ во финалето по подобро изведување на пенали славеа над Ливерпул (1-1 по 90 минути игра).

Двајцата тренери се решија за целосно променети состави во однос на полуфиналињата, па Јирген Клоп ротираше девет од играчите кои го стартуваа вчерашниот дуел со Баерн Минхен, додека Кутињо и Салах воопшто не влегоа во игра. Атлетико подобро се снајде во првото полувреме и поведе со голот на Баре, а Ливерпул во 83. минута израмни со пеналот на Фирмино, откако Ориги беше соборен во шеснаесетникот на „јорганџиите“.

Во пенал-рулетот пресуди одбраната на Моја по шутот на Хендерсон, па откако петте фудбалери на Атлетико го совладаа голманот Ворд, трофејот заврши во витрините на шпанскиот клуб.

Liverpool vs Atletico Madrid 1-1 (after… by euro2016videos

Се вчитува...