Атлетико Мадрид и Барселона одиграа за Реал: Реми без голови кое никому не одговара

Последните три кола од првенството во Ла Лига ќе бидат повеќе од неизвесни во трката за шампионската титула, откако Барселона и Атлетико Мадрид одиграа натпревар без голови во директната пресметка за титула во 35. коло.

Во динимачен натпревар со неискористени бројни шанси и на двете страни, на крајот двата тима одиграа за Реал Мадрид.

По ова реми, Атлетико ја задржа водечката позиција, но сега е со само три бода предност во однос на Реал Мадрид кој има и еден натпревар помалку.

 

Се вчитува...