Атлетико Мадрид ја освои и Малага

Атлетико Мадрид стигна до нови три бода во Примера дивизион, триумфирајќи со 0-1 на гостувањето против Малага.

Ова беше петти триумф на тимот на Диего Симеоне во последните шест кола, а до него дојдоа со раниот погодок на Антоан Гризман, кој по само 40 секунди игра го матираше домашниот голман. Како и многу пати претходно, „јорганџиите“ знаеја како да ја одбранат минималната предност, на крајот триумфирајќи со минимален резултат.

 

Се вчитува...