Атлетико Мадрид ќе ја отстрани плочката на Куртоа од стадионот

Атлетико Мадрид размислува да ја отстрани плакетата на Тибо Куртоа од стадионот. Пред дербито вчера, навивачите на „јорганџиите“ повторно фрлаа ѓубре врз плочката на белгискиот голман.

Според шпанските медиуми, тимот сериозно размислува за промена на систмеот за избор на поранешни играчи, чии плакети ќе бидат поставени во Алејата на легендите. Одлуките би можеле да бидат носени врз база на гласање на навивачите.

Куртоа минатата сезона влезе во центарот на вниманието со неговиот однос на „Ванда Метрополитано“ што ги разбесни фановите на тимот, и од тогаш стана „непријател“ за навивачите.

Куртоа беше дел од Атлетико од 2011 до 2014 година. Потоа замина во Челси, пред повторно да се врати во Шпанија и да брани за Реал Мадрид.

Се вчитува...