Фудбалерите на Барселона го забележаа и четвртиот пораз во низа во домашниот шампионат откако денеска загубија со 3-2 на гостувањето кај Елче во натпревар од 33. коло од шпанската Ла лига.
Гостите поведоа со 0-1 со голот на Гонзалез во 10. минута. На 1-1 израмни Афенгрубер во 18. минута. Вистинските проблеми за избраниците на Чоло Симеоне дојдоа во 30. минута кога Алмада доби директен црвен картон, а Андре Силва од пенал донесе водство за Елче од 2-1. Веќе следната минута Гонзалез со својот втор гол израмни на 2-2. Сепак, домаќините на крајот дојдоа до големи три бода во борбата за опстанок со погодокот на Андре Силва во 75. минута (3-2).
Elche [3]-2 Atlético Madrid – Andre Silva 75'
byu/Meladroit10 insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
