Атлетико Мадрид носи врвен лев бек

Атлетико Мадрид е на добар пат да заврши одличен трансфер откако шпанскиот гигант ги договори условите со Алехандро Грималдо, левиот бек на Баер Леверкузен кој е подготвен да се врати назад во татковината.

Грималдо лани остана покажувајќи лојалност кон „фармацевтите“ кога главните ѕвезди Вирц, Џака и Фримпонг решија да си заминат, тој сега има само уште една година од договорот, а Баер ќе му излезе во пресрет и ќе дозволи негово заминување за соодветна отштета.

Екс-шампионот на Германија бара 30 милиони евра, но се очекува и оваа сума да биде намалена, па Атлетико да плати околу 20 милиони за искусниот 30-годишен дефанзивец кој за првпат ќе игра професионално во шпанската Ла Лига.

Имено, Грималдо е „дете на Барселона“, тој првите чекори ги направи во академијата на каталонскиот гигант, но на сениорски план најпрвин настапуваше за Бенфика, од каде се пресели во Баер Леверкузен.

Се вчитува...