Атлетико Мадрид нуди 30 милиони фунти за Фабрегас

Атлетико нуди 30 милиони фунти за услугите на Фабрегас, главна причина за тоа е дека Симеоне сака поголема конкуренција на средината на теренот меѓу неговите избраници. „Јорганџиите“  му нудат излезна карта на Фабрегас и сигурно место во првите единаесет откако сезонава мораше да се бори со Матиќ за да игра фудбал од викенд за викенд.  Во моментов Чоло на располагање ги има Коке, Саул Нигез и капитенот Габи, па смета дека на тимот му е потребно искуството на Цеск за да може да парира на главните конкуренти за домашното првенство, Реал Мадрид и Барселона.

Фабрегас ги брани боите на Челси од летото 2014 година, пристигна од Барселона за 33 милиони фунти, а во неговата дебитантска сезона на „Стемфорд Бриџ“ успеа да ја освои лигата заедно со Капитал купот, откако не успеа во претходните осум сезони во дресот на Арсенал. Доколку мајсторот за асистенции потпише со Атлетико по втор пат ќе заигра во шпанското првенство. Во овие три сезони Фабрегас седумнаесет пати се запиша на листата на стрелци за Челси, додека асистираше на 41 гол.

Атлетико за потписот на Фабрегас ќе има конкуренција од Манчестер јунајтед, Милан и Јувентус.

Се вчитува...