Атлетико Мадрид падна на испитот во Билбао

Атлетик Билбао го совлада Атлетико Мадрид со 2-0 и му донесе уште повеќе грижи на Диего Симеоне по елиминацијата во Лигата на шампионите од Јувентус. Сега Атлетико има само два бода предност во однос на Реал Мадрид во трката за второто место во Ла Лига.

Ињаки Вилијамс донеде водство за Атлетик Билбао во 73.минута, а триумфот го потврди Кенан Кодро во 85.минута од средбата.

Атлетик Билбао по оваа победа се наоѓа на деветтата позиција со 37 бода.

Се вчитува...