Атлетико Мадрид потпишува со соиграч на Несторовски

Атлетико Мадрид ги финишираше преговорите со Удинезе, успевајќи да постигне договор за ангажман на капитенот на „фриулијаните“, аргентинскиот репреззентативец Родриго де Пол.

Офанзивниот играч за врска беше желба и на Интер и на Милан, како и на неколку англиски премиерлигаши, но голем дел од понудите беа само за едногодишна позајмица на Аргентинецот. Челниците на Атлетико беа најконкретни во преговорите, нудејќи 35 милиони евра.

Удинезе долго време бараше 40 милиони, но откако стана јасно дека никој не нуди толкава сума италијанскиот клуб се согласи на 35-те милиони евра од Атлетико, плус евентуални три милиони доколку се активираат неколку клаузули во договорот.

Де Пол ќе биде значително засилување за средниот ред на Атлетико, кој летово ќе остане без Саул Нигез. Шпанскиот играч за врска има уште една година од договорот и сигурно ќе биде продаден, а најзагреани за неговите услуги се Баерн Минхен, Челси и Ливерпул.

Се вчитува...