Атлетико Мадрид преку Елче до ЛШ (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид славеше на гостувањето кај Елче со 0-2 во натпревар од 36. коло во шпанската Ла лига. Водство за гостите од „Ванда метрополитано“ од 0-1 донесе Куња во 28. минута, а со овој резултат се замина и на пауза.

Конечните 0-2 ги постави Де Паул во 62. минута. Со овој триумф избраниците на Диего Симеоне успеаја да обезбедат настап во Лигата на шампионите следната сезона, додека Елче до крајот може само да слави за тоа што успеа да обезбеди опстанок во елитата.

 

 

Се вчитува...