Атлетико Мадрид прв финалист во Лигата на Европа, во Салцбург ќе се играат продолженија

Шпанскиот клуб Атлетико Мадрид е првиот финалист во Лигата на Европа. Избраниците на Диего Симеоне, кој вечерва поради суспензија беше на трибините на „Ванда Метрополитано“, го совладаа Арсенал со 1-0 и обезбедија виза за Лион, каде ќе се игра големото финале во ова европско натпреварување. Првиот меч на „Емирати“ заврши со резултат 1-1. Арсен Венгер ќе си замине без титула од кормилото на „топчиите“.

На вториот полуфинален дуел меѓу Салцбург и Олимпик Марсеј ќе се играат продолженија, откако австрискиот тим ја анулира негативата од првиот меч и води со 2-0, по 90 минути.

Диего Коста беше стрелец на единствениот гол за Атлетико Мадрид на вечерашниот меч против Арсенал. Тој во 45.минута успеа да го совлада голманот на гостите Давид Оспина.

Салцбург по 90 минути има 2-0 против Олимпик Марсеј, и мечот отиде во продолженија. Хајдара во 53.минута обезбеди водство за Салцбург, а Сар во 65.минута си постигна автогол.

Се вчитува...