Атлетико Мадрид реди победи во Примера

Екипата на Атлетико Мадрид влегува во посакуваниот ритам во завршницата од сезонава, откако „јорганџиите“ вечерва славеа во Малага со 0-2 за своја четврта победа во низа во Примера и искачување на третото место на табелата.

Избраниците на Диего Симеоне играат крајно променливо во поголемиот дел од сезоната, но на последните средби тие конечно ја покажуваат стабилноста во одбраната што го красеше овој тим во претходните неколку сезони. Токму тоа внесува сигурност во играта на Атлетико, па и притисокот врз остатокот од тимот е далеку помал.

Коке го отвори резултатот на денешниот меч по 27 минути игра, крунисувајќи со погодок акција што тој самиот ја почна на четириесетина метри од противничкиот гол, за Филипе Луис во вториот дел да ги постави конечните 0-2.

Koke Goal HD – Malaga 0-1 Atletico Madrid 01… by Match-Interview

0-2 Filipe Luis Great Goal | Malaga vs Atletico… by fabiolafarrelly

Се вчитува...