Атлетико Мадрид сака да го врати Месут Озил во Шпанија

Шпанскиот прволигаш Атлетико Мадрид се надева дека може да го убеди Месут Озил да се врати во Шпанија по завршувањето на оваа сезона и да потпише договор со „јорганџиите“. Тој претходно беше член на Реал Мадрид, па ова секако би бил сензационален трансфер.

Германецот не сака да го продолжи договорот со Арсенал, и јасно е дека ќе си замине од „Емирати“ на крајот од сезоната. „Топчиите“ би сакале да го продадат во јануари за да заработат нешто со неговото заминување, но Атлетико Мадрид би почекал до јуни, а подготвен е да му понуди плата од 200.000 фунти неделно. Но, од друга страна, Озил од Арсенал има барање за неделна плата од 330.000 фунти, што е оценето како преголем услов од германскиот интернационалец.

Се вчитува...