Атлетико Мадрид со голот на Гризман ја освои Гранада

Атлетико Мадрид успеа да слави минимален триумф (0-1) на гостувањето против Гранада, задржувајќи го четвртото место на табелата и курсот за пласман во квалификациите за Лигата на шампионите. Тимот на Диего Симеоне беше поквалитетен на овој дуел и заслужено стигна до трите бода, а триумфот го донесе Антоан Гризман со погодокот во 84.минута.

Претходно, Атлетико Мадрид имаше убави можности преку Гризман и Караско, но голманот на Гранада, Гилјермо Очоа, беше фантастичен. Сепак, не успеа да ја спаси својата мрежа и по ударот со глава на Гризман во 84.минута. Во самата завршница од судиското продолжение Гранада остана и со играч помалку по исклучувањето на Вакасо.

(0-1) Goal Griezman Granada CF vs Atletico Madrid by zyhrijearifi

Се вчитува...