Атлетико Мадрид со пресврт до триумф против Сосиедад

Атлетико Мадрид ја оствари осмата победа во Ла Лига оваа сезона, откако на домашен терен го совлада Реал Сосиедад со 2-1. По ова, „јорганџиите“ се наоѓаат на третата позиција на табелата со 30 освоени бода.

Реал Сосиедад прв стигна до водство со голот од пенал на Вилијан Жозе во 29.минута. Но, во вториот дел Атлетико Мадрид направи комплетен пресврт.

Филипе Луис во 63.минута го израмни резултатот, а Антоан Гризман постигна победнички погодок во 88.минута од средбата.

Се вчитува...