Атлетико не попушта: Алварез мора да се јави на прозивката на Симеоне

Атлетико Мадрид нема намера да отстапи од цврстиот став во „случајот Хулијан Алварез“, децидно порачувајќи дека нема да биде исполнета желбата на Аргентинецот да му биде дозволно да се пресели во Барселона летово.

Каталонците испратија понуда од 100 милиони евра плус клаузули и уште чекаат официјален одговор, иако од мадридскиот клуб веќе им порачаа дека нема да го добијат Алварез ниту за двојно повеќе пари.

Алварез сериозно размислува за поднесување официјално барање за трансфер, но од Атлетико стигна порака и до самиот фудбалер – да се јави на прозивката на тренерот Диего Симеоне закажана за 10 август. Аргентинецот ќе мора да се појави на тренинзите заедно со останатите играчи кои беа до крајот на мундијалот, неговите сонародници Алмада, Симеоне и Мусо, како и Шпанците Баења, Пубиљ, Љоренте и Грималдо, кој летово доаѓа во Атлетико од редовите на Баер Леверкузен.

Јасно е дека Симеоне и Атлетико не планираат никако „попуст“ за аргентинскиот голгетер, интерно заканувајќи се дури и со казни доколку тој продолжи да инсистира на трансфер.

Како што стојат работите, овој мега-трансфер тешко дека ќе биде реализиран летово, а Барса ќе мора да почне да ги разгледува другите опции на пазарот при изборот за наследник на Роберт Левандовски.

Се вчитува...