Атлетико одбил неверојатни 100 милиони за Жоао Феликс!

Жоао Феликс пристигна во Атлетико во 2019 година за рекордни 120 милиони евра, но никогаш во целост не ги оправда очекувањата.

Според медиумит од Шпанија, Атлетико Мадрид ова лето одбил понуда од Баерн Минхен тешка 100 милиони евра за Жоао Феликс. Симеоне ја одбил богата понуда бидејќи верува во Португалецот и смета дека е еден од клучните фудбалери во тимот.

Меѓутоа, оваа сезона не почна добро за Феликс, кој често е на клупата за резерви, па сака во јануари да ја промени средината.

Феликс не е задоволен во Атлетико и веќе го известил својот агент Жорге Мендеш да му бара нов клуб.

Останува да видиме дали Баерн повторно ќе се врати со нова понуда и колкава сума ќе бара Атлетико за неговата слобода.

Се вчитува...