Атлетико Мадрид ја одржува негативата од седум бода во однос на Барселона откако „јорганџиите“ попладнево триумфираа на својот натпревар на домашен терен против Атлетик Билбао (2-0).
Гостите од Баскија во првото полувреме одолеваа на налетите на избраниците на Диего Симеоне, но ситуацијата с епромени откако Атлетико тргна во офанзива по влегувањето на Гамеиро на местото на Коке во 59. минута. Само десет минути подоцна токму Гамеиро го постигна водечкиот гол за мадридскиот клуб, пред Диего Коста да ги постави конечните 2-0.
Атлетико сега има девет бода предност во однос на третотпласираната Валенсија, а заостанува седум бода зад водечката Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА