Атлетико победува, но Гризман се кара со навивачите (видео)

Атлетико Мадрид се зацврсти на второто место на табелата со победата над Валенсија, но мечот го одбележа конфликтот во кој влезе Антоан Гризман со дел од мадридските навивачи.

Пред самиот финиш Атлетико имаше идеална шанса за контранапад со бројни офанзивни играчи на противничката половина, кога Гризман реши да ја врати топката дваесетина метри наназад. Се слушнаа и свирежи од страна на домашните навивачи кои јасно му ставија до знаење на Французинот што мислат за неговиот потег, а тој пак најпрвин со прст преку уста им порача да замолчат, а потоа и самиот упати груби зборови кон нив.

До лани беше миленик на истите тие навивачи, но Гризман со постојаниот флерт најпрвин со Манчестер јунајтед, а сега и со Барселона, го навлече нивниот бес.

Се вчитува...