Атлетико повеќе ја цени верноста од резултатите: Нов договор за Симеоне

Диего Симеоне ќе добие нов договор од раководството на Атлетико Мадрид, пренесуваат шпанските медиуми. Актуелниот договор на предводеникот на „јорганџиите“ истекува во јуни 2024, но како знак на поддршка и благодарност тој наскоро ќе добие продолжување до 2026 година.

Лошите резултати на почетокот на сезоната проследени со елиминацијата во групната фаза од Лигата на Шампиони нема да го променат тренерското место, а раководството на клубот ја цени неговата верност. Тој во минатото одбиваше и побогати клубови, а како што и сам изјави ќе остане во клубот се додека не го освои „ушкото“.

Симеоне е дел од Атлетико Мадрид од декември 2011 година. Оттогаш го предводеше Атлетико Мадрид до две титули во Ла Лига, две титули во Европа Лига, две титули и во УЕФА Суперкупот, како и еден шпански Куп трофеј.

Се вчитува...