Атлетико Мадрид размислува за трансфер на напаѓачот на Галатасарај, Виктор Осимен, поради неизвесноста околу иднината на Хулијан Алварез, кој се поврзува со Барселона, пишува „АС“. Манчестер Јунајтед , Арсенал и Пари Сен Жермен се исто така заинтересирани за 27-годишниот Нигериец.
Осимен е во Галатасарај од летото 2025 година. Минатата сезона одигра 33 натпревари, постигна 22 гола и имаше 8 асистенции. Неговиот договор со турскиот гигант истекува во летото 2029 година.
Неодамна, селекторот на Нигерија, Ерик Шеле, навести дека Осимен најверојатно ќе има нов тим, но самиот играч ги негираше шпекулациите за претстоен трансфер.
Шпанските медиуми јавуваат дека трансферот на Алварез во Барселона е веќе договорен, и дека Атлетико ќе мора да ангажира нов фудбалер, а Осимен е, според нив, вистински избор за да дојде во Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
