Атлетико возвраќа: Нудиме сончоглед и карти за концерт – за Ламин Јамал

Челниците на Атлетико Мадрид беа бесни по бројните пишувања на медиумите дека Хулијан Алварез е подготвен да го напушти овој клуб и да се пресели во Атлетико Мадрид.

Одговорот беше апсолутно оригинален, откако мадридскиот тим преку социјалните мрежи објави дека го купува ни помалку ни повеќе – туку Ламин Јамал… И тоа со извонредна „пакет-понуда“ што преку овие профили беше испратена до Барса.

„HERE WE GO! Испративме факс до Барселона со наша понуда за трансфер з аЛамин Јамал – четири влезници за утрешниот концерт на „Бед Бании“, годишна претплата на АБЦ и вреќичка со сончоглед. Со нетрпение  го очекуваме одговорот за да ја поготвиме „објавата“, објави Атлетико.

Неколку минути подоцна следеше уште една објава… И запомнете, ни беа потребни само пет минути за да ја објавиме оваа лажна вест!

Пораката е јасна, и до Барселона и до целокупната фудбалска јавност.

Се вчитува...