Атлетико заборави како се победува Вилјареал

Атлетико Мадрид не успеа да ја искористи предноста на домашниот терен против Вилјареал, ремизирајќи 1-1 против ривалот што вообичаено е многу незгоден за тимот на Диего Симеоне.

Атлетико на последните три средби воопшто немаше постигнато ниту еден погодок против „жолтата подморница“, а кога тоа конечно му успеа на Кореа се чинеше дека „јорганџиите“ конечно ќе го совладаат овој противник. Сепак, радоста на домашните навивачи ја скрати Карлос Бака, кој со гол со глава донесе израмнување.

По ова реми, Атлетико е без триумф на последните пет натпревари со Вилјареал (три победи на „жолтата подморница“, две нерешени средби).

Се вчитува...