Атомска кошарка: „Кенгурите“ ја прескокнаа Канада

Австралија славеше над Канада со убедливи 108-92, во дерби дуелот од првото коло од кошаркарскиот Мундијал што се одржува во Кина. Епитетот на „дерби“ апсолутно беше оправдан со одличното издание на двете селекции, но на крајот сепак пресуди искуството и квалитетот на Австралијците. Канада одигра феноменална трета четвртина, што сепак беше недоволно за да се земе скалпот на „кенгурите“ во Кина.

Кошаркарите на Австралија го почнаа мечот со беспрекорна игра во нападот, добивајќи ја првата четвртина со 29-20. „Кенгурите“ пред крајот на вториот период имаа „плус 17“, но потоа дојдоа проблемите за нив – Канада најпрвин намали на дванаесет разлика на заминување на одмор, а потоа феноменално ја стартуваше третата четвртина и направи целосен пресврт. Овој дел од мечот заврши со неверојатни 37 постигнати поени на Канаѓаните (37-24), но се беше попусто кога Австралија си ја врати контролата кога беше најважно – во последните десет минути. „Кенгурите“ погодуваа со леснотија во нападот, но што е уште поважно – ја стегнаа одбраната, му дозволија на противникот да постигне само 15  поени (32-15), па на крајот триумфираа со убедливи 108-92.

Делаведова со 24 поени беше прв стрелец на Австралија во денешниот триумф, 16 постигна Гоулдинг, а 15 Пети Милс. Најефикасни во таборот на Канада беа Бирч со 18 и Џозеф со 16 постигнати поени.

Се вчитува...