Атомско полувреме на „Паркот на принцовите“: Пет гола и предност на ПСЖ против Баерн (ВИДЕО)

Ова вечерва во Париз што го прикажуваат ПСЖ и Баерн Минхен, наликува на финале, а не на полуфинале во Лигата на шампионите. Атомски фудбал, пет голови, уште толку шанси, два пенали, и на крај домашниот тим има предност од 3-2.

Баерн прв поведе со голот на Кејн од белата точка, откако Пачо стартуваше над Дијаз во 17. минута.

Само седум минути подоцна, ПСЖ израмни со голот на Кварацхелија кој погоди во малата мрежа. Се играше 33. минута кога ПСЖ направи пресврт. Жоао Невеш успеа со глава да го совлада Нојер по изведен корнер.

Баерн Минхен се врати со убавиот гол на Олисе во 41. минута. И кога се чинеше дека полувремето ќе заврши без предност за никому, досуден пенал по ВАР прегледување на снимката, кој го реализираше Дембеле за водство од 3-2 и крај на  првото атомско полувреме.

Се вчитува...