АТП додаде уште четири турнири во календарот за 2020 година

Четири нови турнири се додадени во календарот за 2020 година, потврдија од АТП. На 12. и 19. октомври ќе има два нови турнири од АТП 250 серијата, кои ќе се играат во германски Келн на тврда подлога во сала. Нов турнир во календарот е и тој во Сардинија кој е закажан за 12. октомври и ќе се игра на земјена подлога, а на 26. октомври во главниот град на Казахстан, Нур Султан ќе почне турнир на тврда подлога.

 

Се вчитува...